Лани забележано најголемо протекување податоци од 2004 година досега

- Advertisement -

Како што светот забрзано се префрла на технологија и складирање податоци онлајн, така и протекувањето информации станува се поголема закана за приватните корисници, компаниите и за владините агенции. Минатата година беше поставен и нов рекорд со повеќе од 5,9 милијарди украдени податоци.

Графичката дизајнерка Чимдија Носуа прикажа 50 најголеми кршења на приватноста од 2004 година досега, заедно со најмногу погодените сектори. Сие податоци се собрани од компаниски извештаи и медиумски написи.

- Advertisement -

Доверливи информации новластено се копираат, се пренесуваат или се крадат со напади со злонамерен софтвер, измами со картички, протекување информации, па дури и со ненамерно откривање. Тоа го прават самостојни хакери, организирани групи на сајбер криминалци, а понекогаш и националните влади.

Најголемата забележана повреда на податоци се случила во 2013 година, кога биле компромитирани сите 3 милијарди профили на Yahoo. Во тој сајбер напад хамери собрале лични податоци и лозинки од корисниците, а целосниот опсег на штетата не е познат до крај.

- Advertisement -

Ова масивно хакирање е речиси една третина од вкупно украдените 9,9 милијарди кориснички профили од веб секторот. Меѓу најпогодените сектори се и технологијата со 2 милијарди, односно финансиите со 1,6 милијарди украдени записи.

(Bug.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -