Научници создадоа холограми кои може да се допрат

- Advertisement -

Научници развија систем од холограми кои може вештачки да се „допрат“. Прецизно контролирани млазови од воздух се спојуваат со компјутерски генерирана графика за да се добие такво чувство.

Научниците се надеваат дека овој нивни изум ќе го доразвијат и ќе додадат нови опции, како, на пример, менување на температурата на млазовите воздух за да им овозможат на корисниците да почувстуваат топли или ладни површини и да додадат чувства.

- Advertisement -

За овој тип на холограми има и потенцијални други апликавии во области како што е медицината. Во 21 век холограмите веќе се користат на различни начини како во медицински системи, едукација, уметност, безбедност и одбрана. Научниците се уште развиваат начини за користење ласери, модерни дигитални процесори и технологија за детекција на движење за да креираат различни типови холограми кои ќе се менуваат во текот на интеракцијата со нив.

На некој начин, овој изум е чекор понапред од моменталната генерација виртуелна реалност, за која се потребни очила за да се долови 3Д графиката и паметнии ракавици или рачни контролери за да се направи симулацја од типот на допир. Најголем дел од таа технологија е ограничен на контролирање на виртуелниот предмет кој го гледаат. Меѓутоа, контролирањето на виртуелниот предме тна дава чувство како кога ќе се допрат двајца луѓе. Додавањето вештачко чувство на допир може да даде дополнителна димензија без да мора да се носат посебни ракавици.

- Advertisement -

Новиот истражувачки тим користи графика која дава илузија на 3Д виртуелна слика. Тоа е модерна варијација на техниката за илузија од 19 век позната како „духот на Пепер“, која го прикажувала наводно „натприрордното на бина“.

Новите системи користат стакло и огледала за да направат дводимензионална слика да изгледа како да лебди без потреба од дополнителна опрема. А чувството на допир се создава со ништо друго освен воздух.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -