Илон Маск ќе овозможи брз интернет на првата приватна вселенска станица

- Advertisement -


Калифорниската компанија Vast има силна врска со SpaceX, а сега потврди дека нивната Haven-1 ќе биде првата оперативна приватна вселенска станица, која ќе биде лансирана во вселената со помош на ракетата Falcon 9 во текот на 2025 година.

Од Vast соопштија дека Haven-1 ќе стане првата вселенска станица опремена со ласерски терминал Starlink, што на екипажот на станицата ќе му овозможи брз интернет додека лета околу нашата планета со голема брзина.

- Advertisement -

Новиот договотр дополнително ја засилува врската меѓу Vast и SpaceX, со оглед ан тоа што компанијата во својот тим веќе има неколку поранешни вработени во SpaceX, а меѓу нив е и техничкиот директор Алекс Хадсон, кој до неодамна беше потпретседател за авионика во компанијата на Илон Маск.

Ако ви треба брз интернет со ниска латенција и постојана конекција на вселенската станица во орбитата во 2025 година, Starlink на SpaceX е единствената опција. Очекуваме нивната мрежа и воделката позиција во технологијата да продолжат да се забрзуваат со тек на време, па поради тоа сем одушевени што имаме шанса да се здружиме со SpaceX во нивната прва ласерска конекција на вселенска станица, велат од Vast.

- Advertisement -

Интернационалната вселенска станица моментално користи интернет со брзина од околу 600 Mbp/s, што Haven-1 лесно ќе го надмине. Интернетот Starlink на SpaceX овозможи луѓе на Земјата да живеат целосно независно од целиот копнен интернет, а поврза и луѓе во региони погодени од војни, како што е Украина.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -