Со нашата биоразградлива платежна картичка од растителна пластика даваме шанса на корисниците за еколошки одговорно однесување!

- Advertisement -

ИутеКредит Македонија на македонскиот пазар ја носи првата биоразградлива платежна картичка. За нејзините карактеристики разговаравме со Милена Стојкоска, специјалист за картички во ИутеКредит Македонија.

Разговараше – Сања Наумовска

Г-ѓа Стојкоска, кои се клучните иновативни карактеристики на оваа картичка?

- Advertisement -

Новата ИутеКредит Mastercard е првиот еколошки финансиски производ на македонскиот пазар. Направена е од биоразградлива растителна пластика (PLA – Poly Lactic Acid), која опфаќа 82% од вкупната картичка, а останатите 18% се однесуваат на вградена антена за бесконтактно плаќање, чип и магнетна лента. Картичката ја поддржува современата технологија на бесконтактно плаќање, плаќање со користење на чип технологија, како и 3DSecure технологија за сигурно интернет плаќање.

Како дојдовте на идеја во вашето работење да воведете еколошка платежна картичка?

- Advertisement -

Кога станува збор за изборот на вистинскиот еко иновативен финансиски производ, важно е да се земат предвид навиките за трошење на населението како и личните вредности на потрошувачите. Анализирајќи ги досегашните и предвидувајќи ги идните активности на нашите Mastercard корисници сфативме дека нивната куповна моќ може да влијае на позитивни промени -управување со секојдневните финансии на начин кој е поеколошки ориентиран  и вклучува намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Со  воведување на еколошки иновативни материјали, ИутеКредит МК развива своја стратегија за еколошка свесност. Не се работи само за замена на материјали, или изјава за еколошко, туку и за целосна индустриска трансформација кон која цели ИутеКредит на групациско ниво.

- Advertisement -

Мало парче пластика кое може да се рециклира во позадина е поддржано од еколошки, иновативен процес на производство, персонализација и пласман на средства на картичката.

Со идејата за воведување на био разградлива картичка сакаме да го поттикнеме и реализираме потенцијалот на малите промени во животниот стил кои би имале значителен придонес кон одржливо општество во иднина.

На кој начин потенцијалните клиенти можат да ги користат вашите услуги и на тој начин да дојдат до првата биоразградлива картичка во земјата?

Начинот на кој може да се користат услугите на ИутеКредит МК е многу едноставен, брз и комфорен со пристап на нашата мобилна апликација Myiute 24/7, како и нашата web страна www.iutecredit.mk, или со посета на нашите експозитури и партнери. Секој потенцијален клиент на ИутеКредит МК преку мобилната апликација може да аплицира за кеш кредит и за кредитна Mastercard картичка. Процесот на одобрување трае помалку од 10 минути, а клиентот сам може да избере преку мобилната апликација дали ќе ја подигне првата биоразградлива картичка од некоја од нашите експозитури или може да направи избор картичката да се достави на посочена адреса.

Пластиката е голем и докажан загадувач на животната средина. Кои се според вас иновативните политики во финансиското работење кои можат да допринесат да се намали ова влијание?

Изборот на материјали, особено еколошките материјали, е фундаментален за еколошките решенија за плаќање со картички, како дел од секојдневното финансиско работење. Пластиката е примарен материјал кој се користи за производство на картички. Сепак, на пластиката и се потребни повеќе од 400 години за да се разгради, а 91% од пластиката не се рециклира.

Што се однесува на целокупното финансиско работење, сметам дека финансиските компании значително треба да се насочат кон имплементација на т.н. климатска технологија (climate tech) и развој на еко-систем во тековните процеси на работа.

Тоа подразбира технолошки развој кој ќе доведе до значително намалено или целосно исклучивање на користење на хартија, преку електронска идентификација на клиент и користење на електронски потпис за регулирање на договорните односи со клиентите.

Имплементација на сигурни мобилни апликации од типот на електронски паричник за брз трансфер на парични средства, што постепено би довело до намалено користење на физички парични средтсва (кеш во оптек).

Финансиските институции можат да испорачуваат моќни пораки кои влијаат на позитивни промени за еко свест преку откривање на процесите на производство, потрошувачка и рециклирање.

ИутеКредит во својата работа во земјава ја промовира еко свесноста како еден од главните принципи во работењето. Кои се вашите планови на ова поле на кои ќе работите во иднина?

Еко свесноста е постојано во делокругот на нашето работење.

Со воведување на Myiute мобилната апликација, преку имплементација на нов систем на ниво на групација чија основа се темели на развиен wallet , се до воведување на биоразградлива Mastercard картичка, ние продолжуваме да го развиваме нашиот еко систем, поддржувајќи ја глобалната иницијатива за заштита на животната средина.

Освен технолошкиот развој и унапредување на ефикасноста и брзината на нашиот систем, ние континуирано работиме кон подобрување на корисничкото искуство преку едукација на клиентите за новите производи кои ги воведуваме.

Сподели!
- Advertisement -