Ново рекордно топење на мразот на Гренланд и на Антарктикот

- Advertisement -

Нема сомнение дека климатските промени предизвикуваат топење на поларните ледени плочи, што резултира со покачено ниво на морињата и се доведуваат во опасност крајбрежните региони ширум светот.

Од 1992 година, кога почна мерењето на топењето на ледените плочи, поларните ледени плочи губат мраз секоја година. Најмногу топење се случило изминатата деценија.

- Advertisement -

Најновата проценка на научниците, која беше објавена денес, наведува дека од 1992 до 202 година поларните ледени плочи изгубиле 7.560 милијарди тони мраз, што е еднакво на коцка мраз чија слика страна има по 20 км.

Топењето досега достигна врв во 2019 година, кога гренландските и антарктичките ледени површини изгубија неверојатни 612 милијарди тони мраз.

- Advertisement -

Топењето на поларните плочи од 1992 година досега има предизвикано покачување на нивото на морињата и океаните од 21 мм. Губењето на мразот од Гренланд е одговорно за речиси 2/3 (13,5 мм) од овој пораст, а губењето на мразот од Антарктикот е одговорно за третата третина (7,4 мм).

Од почетокот на 1990-тите години досега има петкратно зголемување на топењето мраз и сега топењето на ледените плочи сега е одговорно за 25,6% од вкупниот пораст на нивото на морињата и океаните, како што можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

Ако ледените плочи продолжат да се топат со ова темпо, научниците предвидуваат дека до крајот на векот ќе придонесат за пораст на нивото на морињата од 148 до 272 мм.

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -