Mercedes претстави сопствен оперативен систем

- Advertisement -

Mercedes-Benz ги објави плановите за создавање сопствен оперативен систем наречен MB.OS, кој ќе се базира на новата платформа MMA (Mercedes Modular Architecture). Како што велат, новиот оперативен систем е дизајниран и развиен во самиот Mercedes за да се задржи целосна контрола над односот со купувачите, да се осигура приватноста на податоците и да се искористи единствената интеграција на сите функции на автомобилите.

Базиран е на наменски изградена архитектура „chip-in-cloud” (чип во облак), и користи пристап до сите делови од возилото – од инфотеинмент системот, преку автоматизираното возење до полнењето гориво. Оперативниот систем ќе биде стандардизиран за целото портфолио на возила, целосно ажуриран за брз надградба и намерно отворен за избрани партнери. Така Mercedes-Benz ќе ја дефинира и ќе ја контролира архитектурата над основните слоеви на хардверот и софтверот, но и ќе овозможи интегравија на водечките технолошки играчи преку партнерски договори.

- Advertisement -

Партнерски договори веќе се склучени со компанијата NVIDIA, која преку својот софтвер, податоци и вештачка интелигенција, како и својот систем Orin ќе овозможи подобрување на автоматизираните системи за возење во автомобилите Mercedes-Benz.

Голем дијапазон на сензори ќе бидат достапни во MMA платформата, која исто така ќе има корист од новите димензии на моќноста на процесорите. Целта им е да развија условно автоматизирано возење од ниво 3 со крајна цел возење со брзина до 130 км/ч.

- Advertisement -

Договориле и партнерство со Google за развој и имплементација на навигација во автомобилите од идните генерации, но и супер перформанси во секој автомобил со автоматски сензори за возење.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Libre Shot)

Сподели!
- Advertisement -