ВИДЕО: Објавена снимка од двата најголеми ледени брегови во светот

- Advertisement -

Институтот British Antarctic Survey (BAS) објави видео направено од воздух кој на крајот на јануари годинава на кое може да се види огромниот леден брег A81. Станува збор за леден брег кој на крајот на јануари годинава се одвои од ледената плоча Брунт. Има површина од 1.550 квадратни километри и е отприлика голем коилку Лондон. Снимен е и дупло поголем леден брег, кој исто така е во движење.

Тим од научници од воздух го снимил влегувањето на ледениот брег A81 во Веделовото море. Новите снимки ја откриват динамичната природа на брегот и дека е опкружен со помали ледени брегови, кои исто така се одвоиле од плочата или од него. A81 се одвои кога колосалната ледена пукнатина Chasm-1 се прошири по целата ледена плоча Брунт. Иако станува збор за природен феномен кој се случува долж брегот на Антарктикот, A81 е вториот леден брег во регионот кој се одвои во последните две години.

- Advertisement -

BAS внимателно го следи движењето на брегот A81 откако се оддели од плочата. Отпривн се вртел, па продолжил да плови 150 км до јужниот атлантски басен. Наулниците предвидуваат дека ќе се движи кон запад на ист начин како и претходната санта лед која ја зафати моќната антарктичка крејбрежна струја.

A76A е уште еден огромен леден брег во движење. Ова масивно парче мраз е составен дел од ледениот брег A76, формиран на средината на 2021 година после одвојувањето од плочата Филхнер-Роне. A76 се подели на три дела додека се движеше кон север, а најголем од нив е A76A – долг е 135 км и широк 25 км. Моментално патува кон Јужна Џорџија.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -