Една година откако Bugatti Rimac го отвори својот дизајнерски и инженерски центар во Берлин, сега најавија отворање на нов центар за истражување, развој и иновации во италијанскиот град Болоња.
Како што порачаа од Bugatti Rimаc, новиот центар ќе ја приближи компанијата до нејзините партнери и доставувачи и така ќе овозможи давање брза и респонзивна поддршка таму каде што е потребно. Истовремено, центарот ќе биде и поддршка за седиштето на компанијата во Загреб, а во него ќе работат до 50 нови вработени, заедно со хрватскиот тим.
Од компанијата потсетуваат дека од основањето во 2021 година компанијата Bugatti Rimac јасно истакнува дека планира да пласира иновативни решенија кои ќе ги подгинат на ново ниво автомобилските перформанси и иновирањето. Италијанскиот тим ќе биде задолжен за развој на нови технологии и најсовременото инженерство со цел исполнување на таа задача.
Додаваат дека новиот центар не само што ќе придонесе за обликување на иднината на компанијата, туку ќе оддаде и признание на славното минато на Bugatti. Во склоп на новиот погон ќе биде отворен и Heritage центар, во кој ќе бидат изложени некои од најпознатите модели на тој бренд од минатото. Освен тоа, во истиот погон ќе се одвива и т.н. обратен инженеринг на автомобилски делови во склоп на програмата La Maison Pur Sang на Bugatti, која дава услуги на резтаврација и реконфигурација на историски модели на автомобилите Bugatti во фабриката Atelier во францускиот град Молсхајм.
(Zimo)
(фото: Rimac)