Производителот на најбараните дронови во светот гради фабрика во Украина

- Advertisement -

Турската компанија Baykar почна со изградбата на фабрика во близина на Киев, Украина, која ќе вработува околу 500 луѓе и ќе ги произведува нивните модели на дронови. Така изјави вчера изврпниот директор на компанијата, Халук Бајрактар.

Тој на маргините на Светскиот саем за одбрана во Ријад потврди дека почнала изградбата на фабриката, која треба да биде завршена за околу 12 месеци. „Потоа преминуваме на поставување внатрешни машини, опрема и организациска структура“ вели тој.

- Advertisement -

Бајрактер напомена дека производниот капацитет би бил околу 120 единици секоја година, но додаде дека не е јасно дали проиводството во украинската фабрика ќе биде фокусирано на моделите на дронови TB2 или TB3.

Беспилотните летала “bayraktar” од турско производство станаа популарни во светот откако украинската војска почна да ги користи во војната против руските сили за уништување на оклопни возила и асрилериски системи.

- Advertisement -

Од Baykar претходно соопштија дека потпишале договори за извоз на нивните дронови TB2 во 30 земји, меѓу кои се Украина, Етиопија, Либија и Азербејџан.

(B92)

- Advertisement -

(фото: Baykar)

Сподели!
- Advertisement -