Kaspersky Safe Kids – Родителите контролираат колку време поминуваат нивните деца пред екранот

- Advertisement -

Kaspersky објави ажурирана верзија на Safe Kids, апликација за дигитално родителство. Новата функција им овозможува на децата да бараат дополнително време за користење уред со еден клик. Родителите треба само да го одобрат или одбијат барањето преку нотификација и да постават дополнителен временски рок. Оваа функција е дизајнирана да ја олесни комуникацијата помеѓу децата и родителите.

- Advertisement -

Според истражувањето за времето кое децата на возраст од 6-14 години го поминуваат пред екранот, откриено е дека 46,4% од испитаниците користат дигитален уред два или повеќе часа дневно. Неодамнешното истражување на Kaspersky покажува дека ставовите, верувањата, нормите и однесувањето на родителите влијаат на однесувањето на децата.

Со ажурираната апликација Kaspersky Safe Kids, децата може да побараат дополнително време за користење на уредот од главниот екран на апликацијата. Кога детето ќе побара дополнително време, родителите ќе добијат известување на својот екран што го носи во делот „Барање“. Децата не мора да го специфицираат потребниот временски период, туку родителите сами го избираат соодветниот временски период. Дополнително, на главниот екран се достапни корисни инфографици каде родителите можат да видат статистика за тоа како нивните малечки го користат дополнителното време.

- Advertisement -

Новата функција е достапна кога и родителите и децата имаат уреди со Android или кога само возрасен има уред со iOS. Во иднина, функционалноста ќе биде проширена на два iOS уреди, а децата ќе можат да бараат дополнително време од Mac и Windows уредите.

– Имајќи предвид дека децата веќе имаат свои уреди уште од рана возраст, следењето на времето поминато пред екранот е една од клучните карактеристики на ефективно дигитално родителство. Како што го развиваме и подобруваме Kaspersky Safe Kids, постојано размислуваме како да им ја олесниме интеракцијата на родителите и децата. Сметаме дека дигитализацијата ќе ја олесни оваа комуникација и ќе ја направи попрактична – изјави Дарко Наталиќ, менаџер за корпоративни комуникации за Источна Европа и Израел на компанијата Kaspersky.

- Advertisement -

Повеќе информации за ажурираната програма Kaspersky Safe Kids може да најдете ТУКА.

Сподели!
- Advertisement -