Во која индустрија сака да работи генерацијата Z?

- Advertisement -

Медиумите и забавата се индустријата во која сака да работи генерацијата Z повеќе отколку во технолошкиот, здравствениот и образовниот сектор, покажа ново истражување за кое известија Samsung и Morning Consult.

Анкетата, во која учествувале над 1.000 Американци на возраст од 16 до 25 години, открила дека генерацијата Z ја цени флексибилноста, креативните работи и кариерите каде што може да се одржува здрава рамнотежа меѓу работата и приватниот живот.

- Advertisement -

„Начинот на живот е од пресудна важност. Медиумите и забавата се креативна индустрија која нуди флексибилност и самоизразување, две од најбитните карактеристики кои младите ги бараат од работата“ велат од Samsung Electronics America.

Годинава беше тешка за работа во медиумската и забавната индустрија и само забавата изгуби над 44.000 работни места од мај годинава, делумно поради штрајкови. И покрај тоа, генерацијата Z е друштвена генерација која дава голема важност на влијанието на заедницата и општеството врз сигурноста на работата во своите кариери, додаваат од Samsung.

- Advertisement -

Неколку истражувања, вклучувајќи го и тоа на Samsung и Morning Consult, добрата рамнотежа меѓу работата и приватниот живот, можноста за учење и развојн и креативната слобода ги рангираат како главни приоритети запрофесионалците на почетокот на нивните кариери.

Генерацијата Z се повеќе гравитира кон кариери во медиумската и забавната индустрија, делумно затоа што се повеќе млади го гледаат влијанието на социјалните медиуми акко одржлив пат во кариерата. Според новото истражување на Morning Consult, околу 57% од генерацијата Z велат дека би сакале да станат влијателни личности, ако им се укаже прилика.

- Advertisement -

Растечката популарност на платформите од типот на TikTok, Instagram и YouTube создаде нова класа на претприемачи наречени креатори, односно група која вклучува фриленесери, бизнис тренери, гејмери и други професионалци кои профитираат од својата стручност токму на тие платформи.

Генерацијата Z планира многу побрзо да ја менува кариерата во споредба со претходните генерации, а според новиот извештај на EY, речиси 40%од генерацијата Z имаат редовна работа и дополнителни активности, при што некои тежнеат консамовработување, а други се надеваат дека ќе се пензионираат многу рано.

(Bizlife)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -