Овие се најлошите лозинки за 2019 година

- Advertisement -

Секоја година компаниите за безбедност објавуваат список со најлошите лозинки со кои корисниците ги штитат своите профили и тој список повеќе или помалку е сличен секоја година. Мрзата и несфаќањето на последиците по безбедноста се најчестите причини зошто луѓето наместо да стават комплицирани лозинки кои тешко се пробиваат, користат наједноставни лозинки лесни за паметење и на хакерите им ги нудат на тацна своите лични податоци.

Компанијата за управување со лозинки SpashData го објави списокот со најлоши лозинки за 2019 година, кој е базиран на повеќе од 5 милиони лозинки кои во текот на годината беа објавени на интернет, односно кои протекле после хакерски напади. Извршниот директор на компанијата, Морган Слејн, вели дека со објавувањето на овие лозинки секоја година сакаат да ги предупредат корисниците на опасностите кои демнат на интернет и дека мора да преземат мерки за заштита на своите профили и податоци.

- Advertisement -

Најлошата лозинка која е користена за заштита во 2019 година е 123456, додека на второ место е 123456789. Кога користиме такви лозинки не мора да се чудиме што хакерите без проблем можат да дојдат до податоците.

Овие се топ 10 најлоши лозинки за 2019 година.

  1. 123456
  2. 123456789
  3. qwerty
  4. password
  5. 1234567
  6. 12345678
  7. 12345
  8. iloveyou
  9. 111111
  10. 123123
Сподели!
- Advertisement -