Украина сака да произведе милион дронови во текот на 2024 година

- Advertisement -

Во рамките на поширокиот план за одбрана на Украина од Русија планирано е производство на дронови наменети за извидување и напади. Тоа го најави и украинскиот министер за стратешка индустрија, Олександер Камишин, и го потврди преку социјалните мрежи.

Кко што рече Камишин, Украина во декември произвела над 50.000 FPV дронови, но за да ја исполни амбициозната цел од 1 милион произведени дронови во 2024 година, производството мора да биде зголемено за над 30%.

- Advertisement -

Меѓутоа, медиумите пишуваат дека овие напори за зголемување на производството на дронови се задоцнети затоа што предизвиците со коишто се соочуваат украинските војници н фронтот поради недостигот на летала некогаш резултираат со опасност по живот.

Кампањата наречена “The Army of Drones” доби парични донации со кои се финансираше набавката на десетици илјади дронови, вклучувајќидронови на компанијата DJI, инаку наменети за обични потрошувачи. Овие дронови на Украина и ги донираа различни организации, но наводно не се доволни за војната која ескалира.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -