T-Mobile ќе лансира 5G мрежа во 30 градови до крајот на годинава

- Advertisement -

T-Mobile годинава ќе почне да ја гради својата 5G мрежа и планира да ја има во 30 градови до крајот на 2018 година. Првите четири градови во кои ќе ја постави инфраструктурата за 5G мрежата се Њујорк, Лос Анџелес, Далас и Лас Вегас. Извршниот технички директор на T-Mobile, Невил Реј, се пофали дека нивните конкуренти ни одблиску немаат толку планирани локации за 5G, пренесува The Verge .

Сепак, годинава никој нема да може да користи 5G мрежа. За време на презентацијата на World Mobile Congress во Барселона, Реј изјави дека до ова време идната година ќе бидат најавени и првите телефони кои ќе ја поддржуваат 5G мрежата на T-Mobile. .

- Advertisement -

Уште не е целосно јасно што може да очекуваат консументите од 5G мрежата, освен поголемата брзина. Од T-Mobile и другите провајдери на Интернет зборуваат за 5G како продолжение на LTE, а не нејзина замена. T-Mobile планира да користи милиметарски бранови и потрадиционален LTE за да ја изгради својата 5G мрежа, нудејќи комбинација од поголема брзина и поголем досег.

Со оваа најава T-Mobile има за цел да ги надмине своите конкуренти како AT&T, кои упте минатата недела изјавија дека годинава ќе пуштат 5G во три градови: Далас, Атланта и Вако. Од Verizon уште немаат најавено каде ќе почнат со поставување на 5G мрежата, но се знае дека за почеток ќе биде во 5 градови. Секако дека секој провајдер има своја дефиниција за 5G во моментот што најдобро им одговара на нивната мрежа, па во сите тие случаи не е јасно каква разлика ќе направи новата 5G мрежа или колкава површина ќе покрие за почеток.

Сподели!
- Advertisement -