Новиот чипсет Snapdragon 8 Gen 3 ни носи вештачка интелигенција на телефон

- Advertisement -

Qualcomm го претстави најновиот чипсет Snapdragon 8 Gen 3, кој е дизајниран со посебен акцент на вештачката интелигенција за генеративната AI да ви ја донесе на телефон. Најновиот процесор ќе биде усвоен за водечките уреди од страна на повеќе брендови за смартфони како што се ASUS, Honor, iQOO, MEIZU, NIO, Nubia, OnePlus, OPPO, realme, Redmi, RedMagic, Sony, vivo, Xiaomi и ZTE, што значи дека постојат големи шанси да се најде во вашиот иден мобилен телефон.

Ваквиот чипсет поддржува повеќе мултимодални генеративни модели на AI го носи најбрзиот Stable Diffusion во светот, со способност за генерирање слики за помалку од една секунда. Тоа значи дека во еден миг ќе можете да подготвите слики за објацва на социјалните мрежи, како што можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

Бидејќи задачите на генеративната AI се обработуваат на уредот, од Qualcomm велат дека остануваат приватни, па сигурно ќе ги користат личните податоци како што се вашите омилени активности, локацијата и нивото на кондиција за давање персонализирани одговори.

Qualcomm Sensing Hub е тој што ја направи оваа опција и оттаму велат дека ги покачува перформансите на вештачката интелигенција до 3,5 пати во однос на претходниот мобилен чипсет на Qualcomm. Компанијата тврди и дека Snapdragon 8 Gen 3 носи до 98% побрзи Hexagon NPU перформанси и 40% подобри перформанси по ват.

- Advertisement -

Камерата и системот за уредување видеа вклучуваат поддршка за опции како што е можноста за отстранување луѓе и предмети од видеа со допир со прст, а од Qualcomm ветуваат и гласовно уредување на фотографии и видеа генерирани од вештачка интелигенција благодарение на Cognitive ISP, заедно со опцијата за оптимизација на разни делови од фотографиите во до 12 слоеви, било да се снимаат со задна или предна камера.

Qualcomm, исто така, ветува некои гејминг надградби, вклучувајќи поддршка за Unreal Engine 5, заедно со хардверски забрзан ray tracing со глобално осветлување, за кој од компанијата велат дека е првиот таков за мобилен чипсет.

- Advertisement -

Чипсетот содржи Adreno Frame Motion Engine 2.0, кој може да го дуплира бројот на слики со одржување на иста потрошувачка на енергија како претходниот чипсет, а ако посакате да го споите уредот кој работи со Snapdragon 8 Gen 3 на надворешен екран од 240 Hz, ќе можете да играте игри со брзина до 240 fps.

(Vidi.hr)

(фото: Qualcomm)

Сподели!
- Advertisement -