Првите астронаути кои во рамките на програмата Artemis на НАСА ќе слетаат наМесечината ќе , ако се оди според плановите. НАСА ги избра првите три научни експерименти кои астронаутите ќе ги направат на лунарната површина во текот на Artemis III, кои се планирани за 2026 година. Меѓу нив е и експериментот LEAF (Lunar Effects on Agricultural Flora), чија цел е проучување како вселенските култури ќе се однесуваат во егзотична лунарна средина.
“LEAF ќе бде првиот експериментза набљудување на фотосинтезата, растот и системските одговори на стресот кој го претставува вселенското зрачење иделумната гравитација. Податоците за развојот на билките, заедно со параметрите за заштита на околината, ќе им помогнат нанаучниците да ја разберат употребата на билки на Месечината со цел исхрана на луѓето и поддршка на животот на Месечината и подалеку“ велат од НАСА.
Останатите два експерименти се LEMS (Lunar Environment Monitoring Station) и LDA (Lunar Dielectric Analyzer. LEMS е пакет од автономни сеиузмометри, кои ќе детектираат потреси на Месечината во период од две години после пристигнувањето на лунарната површина. LDA ќе ја мери способноста на лунарниот реголит, горниот слој од прашина и иситнети камења,за ширење на електрично поле.
Нема гаранција дека ќе бидат завршени систе три експерименти на Месечината, нозасега плановите се такви. Artemis III ќе биде првата мисија со екипаж на Месечината од Apollо 17 во декември 1972 година.
(Klix.ba)
(фото: Deviant Art)