ВИДЕО: Никој не сака да вози по дожд, затоа е тука Under-Cover чадорот за велосипеди

- Advertisement -

Under-Cover е чадор посебно дизајниран за велосипедисти кои сакаат да возат велосипед по дожд. Досега тие мораа да носат водоотпорна облека за да не накиснат. Но, Uncer-Cover им овозможува истовремено да бидат облечени удобно и да возат без да се наводенат, пишува New Atlas.

Чадорот има посебна форма за да го заштитува целиот велосипед од сите страни и возачот, а се поставува на дршките, односно на цевката помеѓу дршките на велосипедот, што значи дека нема да се врти лево десно додека возите. На предниот дел има прозорче од провиден материјал за велосипедистот да може непречено да вози.

- Advertisement -

Кога не се користи, чадорот се собира како и секој друг и може да се прицврсти за рамката на велосипедот. Уште една предност е што велосипедистот нема да мора да облече најлонски костим или мантил во кој ќе се препотува додека вози. Чадорот може да се купи по цена од околу 80 евра.

Сподели!
- Advertisement -