Светот ја достигна највисоката температура досега забележана. Тоа се случи во неделата, на 21 јули, според прелиминарните податоци од Copernicus, програма на Европската унија за набљудување на Земјата.
Просечната температура на површината во неделата достигнала 17,09 степени, што е малку повисоко од претходниот рекорд, забележан во јули минатата година – 17,08 степени.
Во текот на изминатата недела топлотни бранови ги зафатија САД, Европа и Русија, пренесува Reuters. Од Copernucis потврдија за новинската агенција дека се чини дека е соборен минатогодишниот рекорд. Податоците се собираат од 1940 година наваму.
Минатата година Земјата имаше четири рекордни денови по ред – од 3 до 6 јули. Климатските промени, предизвикани првенствено од согорувањето на фосилните горива, доведоа до екстремни горештини на северната хемисфера.
Од јуни 2023 година, секој месец, 13 по ред, планетата бележи рекордно топли месеци во споредба со истите периоди од претходната година, додаваат од Copernicus. Некои научници веруваат дека 2024 година ќе ја надмине 2023 година како најтопла година досега.
Климатските промени и крајот на метеоролошкиот феномен Ел Нињо во април оваа година дополнително ги зголемија температурите.
(Zimo)
(фото: Grant&Co)