Раст на трошоците за живот од 3% во јули

- Advertisement -

Трошоците на животот во јули годинава, во однос на јули лани, бележат зголемување за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5%.

- Advertisement -

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на растото на трошоците на животот во групите: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %.

- Advertisement -

Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование останале на исто ниво како и во претходниот месец.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2024 година  пораснала за 245 денари и изнесува 60.570 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јули кошничката изнесува 75.945 денари.

- Advertisement -

Една третина од парите или 22.008 денари одат за храна и пијалаци, потоа за режиски трошоци со 6.014 денари, образование 7.022, облека и обувки 4.979 денари, а најмалку пари се трошат за одржување на здравјето 1.135 денари.

Ако пак се пресметува и станарина  тогаш трошокот на четиричлено семејство за станарина, вода, електрична енергија  би изнесувал 21.389 денари.

Фото – Pawpixel

Сподели!
- Advertisement -