Денес ќе се одржи онлајн конференција за жени и девојки во технологија и претприемништво

- Advertisement -

Зајакнување на улогата на жената во технолошкиот сектор и поттикнување на девојките повеќе да размислуваат за кариера во технологијата преку промовирање на опцијата за образование и кариера во технологија е целта на денешната конференција насловена „Девојки во Технологија“ што ќе се одржи онлајн.

Конференцијата е во организација на Women in Tech Македонија и Импакт Фондација – Скопје, а пријавувањето за учество може да се направи преку веб адресата: https://www.eventbrite.com/e/women-in-tech-webinar-tickets

- Advertisement -

Преку интеракција сакаме да овозможиме простор нашите жени, девојки во технологија, лидери во ИТ индустријата, да разменат мислења, да дискутираат за своите животни приказни и да споделат искуство. Овие приказни и искуства ќе ги инспирираат девојките кои се на прагот за избор на своја кариера, оние кои сакаат да направат напредок во технологија, но и сите останати жени и девојки преку промоција на инклузивност на работното место, појаснуваат организаторите.

Конференцијата е дел од Програмата „Повеќе девојки во технологија“ која допринесува за поттикнување на младите во креирање идеи од областа на информатичката технологија и во нивно поттикнување активно да учествуваат во општеството.

- Advertisement -

Конференцијата е поддржана од Град Скопје рамки на повикот за финансирање на програми и проекти за младите од интерес на Град Скопје за 2020 година.

Сподели!
- Advertisement -