Секој маркет на својата веб-страница да ги објави цените на сите производи што ги има, ќе предложи денес премиерот Христијан Мицкоски на седница на Владата, на која ќе одлучуваат за воведување мерки за намалување на цените.
„Еве една мерка што ќе ја предложам, сите синџири на овие супермаркети, хипермаркети да имаат јавна веб-страница, транспарентна, на која ќе ги објават сите цени на сите производи што ги имаат во своите маркети. Да може граѓаните јасно да видат колкави се цените и самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот. Ќе можеме и да ги следиме ние тие трендови, да правиме некој хистограм на движење на тие цени“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во Владата.
По завршување на седницата, се очекува да се објават прелог-мерките на Владата за зауздување на растот на цените.
Фото – Pawpixel