Хрватскиот град Крижевци е првиот град со соларна централа во сопственост на граѓаните

- Advertisement -

Првата соларна централа во Хрватска во целосна сопственост на граѓани, поставена на покривот на градскиот пазар во Крижевци, официјално е пуштена во употреба и ќе произведува доволно енергија за околу 50 домаќинства, информираа во средата од Градот Крижевци.
Овој пионерски проект е резултат на работата на енергетската заедница Зелена енергетска задруга (ЗЕЗ) Сунце, чиј косопственички удел е распределен меѓу 127 граѓани, од кои повеќе од четвртина доаѓаат од областа на Копривничко-крижевачката жупанија.

Граѓаните имаат право да произведуваат сопствена електрична енергија, а енергетските заедници се еден од начините на кои можат да го постигнат тоа.

- Advertisement -
  • Сончевата централа на градскиот пазар е наш прв проект, но секако не последен. Отворени сме за соработка со сите месни заедници кои сакаат да започнат слични иницијативи во нивните градови – вели менаџерот на ЗЕЗ Сунце и програмски координатор на задругата Мислав Кирац.

Изградбата на електраната започна на почетокот на оваа година, по успешен јавен повик за членовите на ЗЕЗ Сунце, каде за десет дена беа собрани 140 илјади евра потребни за реализација на проектот. Произведената струја, доволна за снабдување со педесетина домаќинства, засега ќе се продава на пазарот.

Целта е да им се овозможи на членовите на заедницата директно да користат сончева енергија во домаќинствата или деловните простории со примена на законски дозволеното споделување на енергија. Градоначалникот на Крижевци Марио Реин рече дека Крижевци веќе имаат искуство во вакви иницијативи. По успехот на проектите за соларна енергија „Крижевачки сунчани крови“ од 2018 и 2019 година, кои граѓаните ги финансираа со микрокредити, ова е трет проект за граѓанска енергија во тој град. Крижевци сака да стане енергетски независен град до 2030 година.

- Advertisement -

Извор – Seebiz.eu
Фото – Piqsels

Сподели!
- Advertisement -