Грција ќе воведе нова туристичка такса од 1 јули

- Advertisement -

Во обид да се справи со големиот број туристи, Грција воведува нова такса за патниците со крстарења на некои од нејзините најпосетувани острови.

Од 1 јули на островите Санторини и Миконос ќе им се наплаќа данок од 20 евра по патник, пишува британски Express. Оваа сума ќе важи за време на шпицот на сезоната, меѓу 1 јуни и 30 септември. Во другите грчки пристаништа ќе биде 5 евра по патник.

- Advertisement -

Во претсезоната (април, мај) се планира да биде 3 евра, додека вонсезона (од 1 октомври до 31 мај) ќе се намали на само 1 евро. Данокот беше воведен за да се ублажат ефектите од масовниот туризам во Грција, особено на Санторини и Миконос. Минатата година, на пример, на Санторини се очекуваа дури 17.000 посетители на крстарење во еден ден, поради што од локалното население беше побарано да ги ограничи своите движења.

Грчката национална туристичка организација (GNTO) рече дека давачката ќе помогне „да се поддржи инфраструктурата на најпосетуваните острови во Грција и да се осигура дека локалните заедници имаат подиректна корист од туризмот за крстарење“.

- Advertisement -

Се додава дека давачката „ја одразува потребата за поодржлива рамнотежа меѓу бројот на посетители и капацитетот во популарните дестинации како Санторини и Миконос, притоа зачувувајќи го квалитетот на туристичкото искуство“.

Приходите ќе бидат искористени за зајакнување на локалната инфраструктура, ублажување на влијанието на туризмот врз животната средина и зачувување на природните убавини и културното и историското наследство на островите.

- Advertisement -

Сè уште не е јасно како ќе се наплати – дали ќе биде платенa од самите компании за крстарење или директно од патниците. Многу е веројатно дека давачката ќе биде вклучена во вкупната цена на пакетот за крстарење.

(Kamatica)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -