Apple најави дека по прв пат во живо на YouTube ќе го пренесува претставувањето на новиот iPhone 11, а свечениот настан ќе се случи денес. На Youtube веќе е достапен линк на кој е наведено дека видеото ќе стартува во живо на 10 септември во 19 часот.
Минатата година Apple преку Twitter го пренесуваше настанот на кој беше претставен претходниот iPhone. Американскиот технолошки гигант во вторник се очекува да претстави три нови модели на iPhone со повеќе нови опции. Најголемата промена ќе биде во брендингот затоа што iPhone XS i XS Max ќе станат iPhone 11 Pro.
Ова ќе биде по прв пат Apple да ја искористи ознаката „Pro” за iPhone. Сегашниот iPhone XR ќе биде познат како iPhone 11. Според досегашните најави, два од трите нови модели треба да имаат тројна задна камера, а наследникот на XS Max може да има и малку поголем екран од 6,1 инчи. Се очекува дека новите модели ќе поддржуваат и двонасочно безжично полнење, биометриска безбедност со Face ID и нова технологија за отпорност на удари и паѓање.
Apple по прв пат во живо на YouTube ќе го пренесува претставувањето на новиот iPhone 11
- Advertisement -
- Advertisement -