Компании вредни милијарди долари се управуваат само со iPhone

- Advertisement -

Помладите генерации кои израснале со паметен телефон во рака не се свесни дека претходно за сите работи кои денес можеме да ги направиме со телефон претходно постоеле посебни уреди. Од класичните жичани телефони, плеери за музика, фоторапарати, дигитални асистенти до карти и мапи и бројни други уреди – сето тоа е зементо со гаџет кој го собира во џеб.

Покрај тоа, паметните телефони во комбинација со брзиот интернет, кој ни е достапен насекаде, го сменија и начинот на кој работиме, а една од тие промени е дека денес повеќе немаме потреба ни од компјутери. Тоа го потврди и Марк Бениоф, извршниот директор на познатата компанија Salesforce, која годишно остварува повеќе од 13 милијарди долари приходи, додека вредноста на компанијата е речиси 150 милијарди долари.

- Advertisement -

Единствената алатка која му треба за да ја води компанијата е неговиот телефон, па повеќе не користи ни компјутер. „Повеќе не поседувам компјутер. Телефонот навистина стана екстензија на мојата канцеларија. Каде и да се наоѓам, ако имам телефон, можам да работам“ вели Бениоф.

Шефот на Salesforce не е единствениот шеф на голема компанија на кој за водење на компанијата не му треба компјутер. Истото важи и за извршниот директор на Twitter, Џек Дорси, кој исто така вели дека повеќе не користи компјутер. Клучно е да се фокусирате на вистинската работа и и на начинот на кој телефонот може најдобро да се искористи за вршење на работата.

- Advertisement -

Тие напоменуваат дека телефонот е поважен од лаптоп за шефовите на компании од две причини. Прво, водењето компанија често се сведува на постојана комуникација со менаџери и вработени, за што е потребен само телефон. Второ, како што покажуваат некои истражувања, со оглед на тоа дека лаптопот нуди повеќе можности, поголеми се и шансите за нешто да ви го одвлече вниманието, додека со телефонот тие можат подобро да се фокусираат на конкретни проблеми и задачи. Покрај тоа, денес на телефоните има бројни апликации за поголема продуктивност.

Сподели!
- Advertisement -