Ако ви се допаѓа идејата да имате паметна куќа и не можете да дочекате да живеетe во футуристичката утопија во која се е онлајн, Amazon, Apple и Google имаат одлични вести. Компаниите кои ги создадоа Echo Dot, HomeKit и Nest Mini сега работат на создавање нов стандард за регулирање на технологијата за паметни куќи со цел да се поедностави развојот и да се зголеми компатибилноста.
Заедничкито проект го носи името Connected Home Over IP или скратено CHIP. Ќе има отворен код за ниеден од овие гиганти да нема преголемо влијание на штета на помалите играчи на пазарот.
Со таа цел компаниите ќе соработуваат со Zigbee Alliance и со нејзините членови, меѓу кои IKEA, Legrand, NKSP Semiconductors, Resideo, Samsung SmartThings, Schneider Electric, Signify (претходно Philips Lighting), Silicon Labs, Somfy и Wulian.
За жал, додека Amazon, Apple и Google се обврзаа да ги поддржуваат своите постојни производи, велат дека нивната работа на стандардот ќе се фокусира на новите производи, што значи дека постојните производи можеби нема да го поддржуваат новиот стандард.