Volkswagen подготвува електричен автомобил кој ќе чини помалку од 20.000 евра

- Advertisement -

Кон крајот на идната недела шефовите на VW ќе одржат состанок на кој ќе се разговара за трансформација на компанијата од најголем европски производител на автомобили во мотори со внатрешно соорување до компанија која ќе се ориентира на производство на електрични автомобили. Една од темите на разговор може да биде и производството на евтино електрично возило со кое Volkswagen ќе ја нападне Teslа.

Основната цена на тој автомобил би требало да изнесува околу 20.000 евра и планирано е производство на околу 200.000 возила. Иако сите информации не се официјални, медиумите кои се добро запознаени со ситуацијата во германскиот автомобилски гигант ги потврдуваат.

- Advertisement -

Volkswagen во тек на време три од своите фабрики во кои се произведуваат дизелаши и бензинци ќе ги претвори во фабрики за електрични возила. Поради таа промена до 2020 година 14.000 луѓе ќе останат без работа. Причината за тоа е што електричните автомобили се произведуваат за пократко време, а VW ќе соработува со други компании околу производството на батерии, па нема да користи сопствена работна сила.

Покрај стартегијата за електрични автомобили, Volkswagen ќе дискутира и за соработка со производителот на батерии SK Innovation, но и со Ford. VW и Ford веќе преговараат за потенцијална соработка околу развојот н автономна технологија и електрични автомобили, но потенцијалниот договор за соработка нема да биде потпишан до крајот на годината.

Сподели!
- Advertisement -