Ова е моментално најбараната професија во Силиконската долина!

- Advertisement -

Вештачката интелигенција е еден од најголемите трендови на технолошкиот пазар и голем број на IT компании инвестираат многу ресурси во оваа технологијата на иднината која веќе го менува светот, а радикални промени се очекуваат веќе во наредните неколку децении. Скенирање на лица, гласовни асистенти и автономни возила се само мал дел од технологијата која се базира на вештачка интелигенција, а според експертите во ова поле, после 2040 година може да очекуваме дека вештачката интелигенција ќе стане понапредна и од нашата интелигецнија.

Еден од актуелните проблеми на полето на вештачката интелигенција е малиот број на експерти во однос на големата побарувачка – во целиот свет моментално постојат помалку од десет илјади експерти за оваа технологија. Не само што побарувачката за овие експерти е голема, туку се нудат и огромни плати.

- Advertisement -

Како што пишува NY Times, во минатото стартапите секогаш имаа предност во вработувањето на најголемите таленти во однос на големите компании бидејќи често им пружале шанса за брз развој и потенцијал за голема заработувачка во кратко време. Но, кога е во прашање вештачката интелигенција, големите компании се подготвени да инвестираат вртоглави суми во експерти за ова поле и покрај тоа што и досега IT експертите имаа шанси за вработување веднаш по завршувањето на студиите, со високи плати и со удел во акциите на стартапите.

Што се однесува до топ менаџерите кои управуваат со проекти за вештачка интелигенција, неодамна беше објавено дека Ентони Левандовски, кој со години беше на чело на одделот за автономни возила во Google, пред да ја напушти компанијата заработил дури 120 милиони долари.

- Advertisement -

Постојат неколку причини зошто експертите на полето на вештачката интелигенција заработуваат огромни пари, но голем дел се сведуваат на фактот дека понудата на експерти е мала, а побарувачката голема.

За автомобилските компании експертите за вештачка интелигенција се важни за развој на нивните автономни возила, додека пак за компании како Google, Facebook, Apple и други – за развој на гласовни/дигитални асистенти за паметни телефони, паметни звучници, скенирање на содржините на социјалните мрежи итн.

- Advertisement -

Бидејќи во иднина повеќе гаџети и производи кои ги користиме ќе зависат од вештачка интелигенција, јасно е дека побарувачката за експерти на ова поле ќе биде уште поголема, како и нивните плати.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -