Ford направи куќичка за кучиња која ќе ги штити од бучавата на петардите и огнометите

- Advertisement -

Блескавите огномети на новогодишната ноќ за многумина се прекрасна слика со која ја испраќаме старата, а ја пречекуваме новата година. Но, огнометите се проследени со бучава која е посебно страшна за домашните миленици, кои имаат многу посилно сетило за звук од нас.

Од Ford велат дека околу 45% од кучињата покажуваат знаци на страв кога ќе слушнат огномет или петарди, а нивниот одговор на тоа може да биде кучичката за кучиња која користи технологија за блокирање на бучавата, слична на таа која ја има во слушалките или во автомобилите. На тој начин сакаат да ја намалат агонијата која ја чувствуваат домашните миленици. 

- Advertisement -

Од автомобилската компанија појаснуваат како работи куќичката. Кога микрофонот поставен во куќичката ќе го препознае звукот на огнометот или петардите, вградениот аудиосистем емитува фреквенции кои ја поништуваат бучавата или драстично ја намалуваат. Во изработката користеле и плута со голема густина и и додаваат дека засега станува збор само за концепт. Секако дека куќичките за кучиња не се основниот бизнис на Ford, но голема е веројатноста оваа нивна креација да стане реалност во иднина.

Сподели!
- Advertisement -