Spotify на своите вработени им овозможи да работат буквално од каде сакаат

- Advertisement -

Најпопуларниот светски музички сервис Spotify одлучи на своите вработени да им овозможи да работат буквално од каде сакаат. Во блогот објавен на страницата на компанијата се наведува дека веќе некое време размислувале како ќе изгледа работата во иднина и дошле до заклучок дека глобализацјата и дигитализацијата се двигатели на пофлексибилните работни места, што е подобро и за компанијата и за вработените.

Тие наведуваат дека во текот на минатата година преку ноќ биле принудени да работат од дома, што само по себе претставувало лакмус тест за културата и вредностите кои ги негуваат.

- Advertisement -

Настаните минатата година го забрзаа размислувањето за иднината и веруваме дека е време за почеток на преминот кој флексибилен начин на работа и затоа претставуваме програма за работа од кое било место за сите вработени“ пишува на блогот.

Од тие причини компанијата на лето на вработените ќе им понуди поголема флексибилност со воведување на два модели на работа:

- Advertisement -
  1. Мој работен режим (My work mode)

2. Избор на локација (Location choices

Првата опција која ќе им биде понудена на вработените им овозможува да работат целосно од дома, од канцеларија или да ги комбинираат и двете. Втората опција значи дека компанијата воведува поголема флексибилност кога станува збор за тоа од која земја и од кој град работи секој вработен.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -