„Stranger Things 3“ руши рекорди на гледаност на Netflix

- Advertisement -
Враќањето на серијата „Stranger Things“ на малите екрани е среќна вест за многу домаќинства, а третата сезона веќе ги руши рекордите за гледаност на Netflix. Назад во фиктивниот град Хокинс работите никогаш не биле поцрни, но додека тоа ги држи гледачите залепени за екраните, луѓето во Netflix немаат причина да се бунат.

 

Во првите четири дена од прикажувањето, серијата се гледала во преку 40 милиони домаќинства, а 18 милиони корисници на Netflix веќе завршиле со гледање на третата сезона.

- Advertisement -

Ова е прва година откако Netflix почна да објавува статистички податоци околу гледаноста на нивните содржини. Засега најгледана содржина на Netflix останува филмот „Bird Box“, кој досега го имаат гледано нешто повеќе од 80 милиони корисници, а серијата „Umbrella Academy“ во првиот месец ја гледале 45 милиони луѓе.

 „Stranger Things“ ја достигна отприлика истата бројка за десет пати пократко време, односно за само четири дена.

Бројките за гледаност се однесуваат на бројот на домаќинства кои ја гледаат серијата, што не е исто со бројот на луѓе кои ја гледаат истата. Netflix вели дека едно „гледање“ се смета ако некој изгледа барем 80% од епизодата или филмот.

Сподели!
- Advertisement -