Пентагон успешно тестираше соларен панел во орбитата кој може да испраќа енергија каде било на Земјата

- Advertisement -

Научници кои работат во Пентагон успешно тестираа соларен панел со големина на кутија за пица во вселената, а станува збор за прототип на иден систем кој ќе може да испраќа електрична енергија каде било на Земјата. Прототипот на панелот наречен PRAM (Photovoltaic Radiofrequency Antenna Module) беше лансиран во вселената уште во мај минатата година, а таму го однесе беспилотното летало X-37B на Пентагон за да собира електрична енергија од Сонцето. Ова летало прави круг околу Земјата секои 90 минути.

PRAM е дизајниран така за најдобро да ја искористи сончевата енергија во вселената, која не поминува целосно до површината на Земјата преку атмосферата. Во атмосферата се стопира синиот сектор од сончевата светлина, поради што нашето небо од површината на Земјата изгледа сино. Со други зборови, PRAM ја впива целата сончева енергија од светлината и со тоа е поефикасен од соларните панели на површината на Земјата.

- Advertisement -

„Добиваме тон вишок сончева светлина во вселената само поради тоа“ вели Пол Јафе, копрограмер кој работи на таа програма. Најновите експерименти покажаа дека тој панел со големина од 30×30 см може да произведе 10 вати енергија за пренос на Земјата, вели Јафе. Тоа е доволно за напојување, на пример, на еден таблет компјутер.

Но, проектот на Пентагон има крајна цел во орбитата да има целосна мрежа од тие панели и ако успеат во тоа, тоа може да го револуционизра производството на електрична енергија и дистрибуцијата во најзафрлените делови од Земјата. Воедно, тоа дава и голем придонес за постојните најголеми електрични мрежи на Земјата.

- Advertisement -

Според некои предвидувања, производството на соларна енергија во вселената треба да биде еднакво или да ги надминува постојните најголеми електрани на Земјата, односно да обезбедува доволно гигавати енергија за еден град.

Притоа, најголемата предност на соларните панели во орбитата пред кои било други електрани на Земјата е тоа што енергијата можат да ја пренесат каде било на Земјата. Но, треба да се докаже и дека тоа е економски исплатливо, вели Јафе. Градењето во вселената е скапо, а во последните десет години тие трошоци конечно почнаа да се намалуваат.

- Advertisement -

Исто така, битна е и температурата на којашто функционира PRAM затоа што поладната електроника е поефикасна електроника. Леталото X-37B 45 на Pentagon една минута од 90 минути поминува во мрак, на ладно, но идната верзија на PRAM можеби ќе биде во геосинкрона орбита, што значи дека за еден цел круг ќе му треба еден ден.

(CNN)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -