Pfizer се подготвува да ја тестира бустер дозата на бебиња и деца до 5 години

- Advertisement -

Фармацевтската компанија Pfizer ќе почне со тестирање на бустер вакцината против КОВИД-19 на деца на возраст од 6 месеци до 5 години, откако открија дека помала доза од таа вакцина можеби не дава доволно заштита за најмладата популација.

Од Pfizer минатата недела најавија дека ќе почнат со тестирање на третата доза од вакцината кај најмладата возрасна група најмалку два месеци после примањето на втората доза. Со тоа Pfizer сака да понуди поголема заштита од КОВИД-19 за малите деца и бебињата.

- Advertisement -

Оттаму појаснуваат дека најмалата доза од нивната вакцина која ја примаат деца помали од 5 години не е доволно ефикасна за децата од 2 до 5 години. Дозирањето на вакцината е различно за сите возрасни групи вклучени во студијата. Децата на возраст од 5 до 12 години примиле две дози од вакцината во количина од 10 микрограми, што е 1/3 од дозата за возрасни. Децата помали од 5 години примиле дози од само 3 микрограми.

Од Pfizera велат и дека при тестирањето немало никакви безбедносни проблеми по здравјето на децата и истакнуваат дека ќе бараат итна авторизација на новиот режим од три дози за најмладите уште идната година, ако новото тестирање биде успешно.

- Advertisement -

Најавата од Pfizer стигнува откако американскиот Центар за контрола и сречување болести извести за 8 случаи на микоардитис, потенцијално опасно воспаление на срцето, кај деца на возраст од 5 до 11 години откако децата ја примиле нивната вакцина.

(RT)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -