SpaceX доби дозвола за лансирање на капсулата Crew Dragon на Меѓународната вселенска станица

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА даде зелено светло за Space X за транспорт на четворица астронаути до Меѓународната вселенска станица наредната недела. Лансирањето ќе се случи на 22 април од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида, а ќе биде посебно поради два факти – ова ќе биде прв пат екипажот да лета со рециклираната ракета Falcon и со леталото Dragon.

Ракетата Falcon 9, односно нејзината прва фаза веќе е користена за испраќање на астронаути до станицата во ноември минатата година, додека капсулата беше искористена за транспорт на астронаутите Роберт Бенкен и Даглас Харли минатата пролет.

- Advertisement -

И двата дела се дизајнирани да може да се користат повеќе пати. Ракетата Falcon 9 се состои од две фази и е наменета за транспорт на товар и на луѓе. Го користи истиот Merlin ракетен мотор како и поголемите Falcon Heavy ракети, а е користена за 122 лансирања. Капсулата Dragon е опремена со 16 Draco потисници за маневрирање во орбитата, а има и неколку падобрани за слетување.

Овој пат на Меѓународната вселенска станица патуваат астронаутите на НАСА Шејн Кимброу и Меган Мекартур, астронаутите на јапонската вселенска агенција JAXA Акихико Хошида и астронаутот Томас Пескет на Европската вселенска агенција. Тие ќе поминат шест месеци на Меѓународната вселенска станица.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -