Флексибилноста е неопходна за успех. Еве и зошто

- Advertisement -

Повеќето претриемачи го почнуваат своето патување со идеја за тоа што сакаат да прават. Тие имаат една слика за тоа како ќе изгледа нивниот пат, доволно истражувале, полни се со енергија затоа што нивните „херои“ успеале да ги остварат своите цели и се чувствуваат подогтвени.

Таа возбуда создава адреналин во телото, нивниот мозок е фокусиран и одлучен. Ја одврзуваат панделката и ан светот му ја покажуваат својата идеја. Пред себе ја гледаат својата успешна иднина. И тогаш почнуваат да се соочуваат со мноштво пречки.

- Advertisement -

Одлучноста е единственото нешто што може да ги води напред. Адреналинот ги движи некое време, но потоа стивнува. Обесхрабрувањето, апатијата, депресијата, сомнежите и многу други емоции надоаѓаат една по друга. Повеќе не можат јасно да ја видат својата цел и патот до неа.

Тогаш доаѓа време на одлуки. Дали продолжуваат или се откажуваат? Дали ќе го напуштат сонот? Дали сонуваат? Дали можат да се снајдат? Нема јасни одговори на овие прашања. Едноставно, треба да се биде што е можно повеќе флексибилен. Треба да се направат потрбните промени и прилагодувања за да се остане на зацртаниот пат. Тие може да ја сменат иницијалната идеја, да го исфрлат нерелевантното и нефункционалното и да додадат делови кои се пологични.

- Advertisement -

По сите тие промени може да се чувствувате како веќе да не си ја препознавате идејата. Еве како да се привикнете на флексибилниот начин на размислување.

  1. Разгледајте ги опциите

Да направите промени или да се откажете? Откажувањето не смее да биде опција. Тоа мора да си го велите самите себе. Можеби ќе треба да прочитате некоја книга или да слушнете некој иснпиративен говор.

- Advertisement -
  1. Приклучете се на група истомисленици  

Опкружете се со луѓе кои се на слично патување како вас. Најдете група луѓе кои го прават тоа што сакаат да го прават. Треба да имате неколку испланирани чекори пред вас, но не премногу далеку затоа што секогаш може да се случи нешто непредвидено.

  1. Потсетете се зошто сте почнале се

Битно е одвреме-навреме да се потсетувате зошто сте го почнале патувањето. Потсетете се како се чувствувавте, колку бевте фрустрирани со животот претходно.

(Addicted2Success)

Сподели!
- Advertisement -