Во време на големи промени на пазарот на трудот и образованието, Avenga Academy (поранешен Seavus едукативен и развоен центар) најавува нови стратешки иницијативи насочени кон создавање реални интернационални кариерни можности за студентите.
За визијата, новата стратегија и иднината на образованието разговараме со Весна Иваноска, директор на Avenga Academy.
Разговара: Верица Јорданова
Образовниот и кариерниот пазар се менуваат драматично. Што се случува денес?
Пазарот не само што се менува, туку станува непредвидлив и значително побрз. Не е доволно да се има знаење, туку да се знае како тоа да се примени веднаш и во реален контекст.
Компаниите денес не бараат луѓе што „се обучени“ туку луѓе што веќе знаат да работат. И токму тука се случува најголемата промена: Oбразованието повеќе не може да биде подготовка за нешто што ќе дојде, туку тоа мора да биде дел од самата кариера.
Каков одговор нуди Avenga Academy?
Нашата мисија отсекогаш била образованието да води кон кариера. Во најчест случај фокусот беше на локалниот пазар, но секако имавме низ годините многу примери на наши студенти кои успеваа да влезат во интернационални компании и ги следевме нивните успешни кариери. Токму тоа ни помогна да увидиме дека глобалниот пазар не треба да биде изолиран успех – туку интегриран дел од самиот процес на учење.
Токму затоа го започнавме партнерството со Virtual Internships – платформа што поврзува студенти со над 20.000 компании во повеќе од 190 земји. Со овој потег, ние не чекаме студентите сами да го најдат патот до глобалниот пазар, туку го вградуваме тој пристап директно во нивното образование.

Колку е важно глобалното искуство денес?
Remote економијата ги избриша границите, истовремено зголемувајќи ја значително компетитивноста. Денес, не конкурирате само со луѓе од регионот, туку со кандидати од целиот свет. Затоа глобалното искуство не е само „додадена вредност“ туку често станува основен предуслов за да бидете релевантни.
Дали праксата преку ова парнерство може реално да доведе до вработување?
Секако, и тоа го гледаме многу јасно низ конкретни примери: 1 од 3 учесници продолжуваат да работат со компанијата по завршување на програмата. Но уште поважно, практичното искуство денес не е нешто што ве издвојува, туку нешто без кое е сè потешко да влезете на пазарот. Разликата меѓу „знам“ и „сум работел“ станува клучна.
Каква улога има вештачката интелигенција во вашите образовни програми?
Вештачката интелигенција веќе не е иднина, таа е сегашност. Затоа и не ја третираме како посебна тема, туку како нешто што природно се интегрира во сите професии – од програмирање и data science, до маркетинг, продажба и project management.
Сите наши програми се up-to-date согласно последните промени и влијанија од ВИ. Но, тоа што нам не разликува е нашиот пристап, преку кој студентите не учат само алатки. Тие развиваат начин на размислување – кога, зошто и како да ја користат технологијата за да создадат реална вредност. И можеби најважното, да разберат дека технологијата е моќна, но одговорноста секогаш останува кај луѓето.
Дали традиционалниот модел на образование е доволен денес?
Ако сме искрени – не е доволен. Не затоа што не е квалитетен, туку затоа што светот околу него се менува многу побрзо. Моделот „прво учам, па потоа работам“ едноставно повеќе не функционира. Денес, учењето, практиката и работата мора да се случуваат паралелно – и токму тука образованието треба да се трансформира.
Какви се плановите на Avenga Academy за оваа година?
Фокусот ни останува ист: создавање реални кариерни можности, но начинот на кој го правиме тоа станува многу посистематизиран, поинтернационален и поблиску до реалниот пазар.

Со новите партнерства и програми, нашата цел е јасна: студентите да не завршуваат со образование – туку да започнуваат со кариера.
На оваа тема, на 31 март (вторник) во 18:00 часот ќе одржиме бесплатен вебинар каде ќе ја претставиме и најавиме нашата официјална соработка со Virtual Internships.
Во моментов се отворени уписите за пролетниот и есенскиот семестар, а интересот расте. Ги покануваме сите заинтересирани да се информираат повеќе на avengaacademy.com
Во време кога границите на пазарот на труд сè повеќе се бришат, иницијативите што ги поврзуваат образованието, практичното искуство и глобалните можности стануваат клучни за кариерниот развој на младите.
Токму и стратегијата на Avenga Academy покажува дека иднината на образованието се движи кон модели кои директно водат кон вработување и интернационална кариера.






























