На само четириесетина километри од Скопје, селото Умин Дол станува пример за тоа како традицијата може да се претвори во нова развојна можност. Во време кога интересот на туристите сè повеќе се насочува кон автентични и уникатни доживувања, руралните средини добиваат нова шанса – да ја претворат својата култура, гастрономија и начин на живот во атрактивна туристичка понуда.
Токму ваква иницијатива се развива и во Умин Дол, каде преку етно-музеј, домашна трпеза и различни активности поврзани со традиционалните занаети се создава искуство што ги привлекува посетителите. Но, за ваквите идеи да прераснат во одржлив модел за локален развој, неопходни се инвестиции, институционална поддршка и поврзување на локалните понудувачи.
Во разговор со Роза Трајковиќ од селското домаќинство „Обед“, ја откриваме приказната за развојот на селскиот туризам во Умин Дол, плановите за нови туристички содржини и потенцијалот ваквите иницијативи да станат двигател на современиот рурален развој.
Новинар – Верица Јорданова
Снимател- Синиша Илијески
Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.





























