Викендов во Скопје се одржува четврттиот по ред Мотивациски Викенд

- Advertisement -

Мотивациски викенд е настан од отворен карактер кој има за цел да ги прикаже личните приказни на успешни професионалци од Македонија и со тоа да ги мотивира младите да работат и да инвестираат во својот личен и професионален развој.

На годинешниов четвртти по ред Мотивациски викенд ќе бидат раскажани неколку инспиративни приказни на успешни луѓе, а ќе бидат организирани и работилници на различни теми кои ќе понудат можност за развој на вештините кои му се потребни на секој млад човек. На крајот на настанот ќе биде организирана забава за вмрежување каде присутните млади ќе имаат можност да поразговараат со говорниците, предавачите и организаторите на овој настан.

Настанот се одржува два дена односно на 30. септември и 1. октомври. Првиот ден како говорници се најавени Илина Арсова, првата Македонка на врвот на светот, Марко Кртолица, соработник и докторанд на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Снежана Лупевска, новинар и продуцент и Петар Ниновски, претприемач, маркетинг консултант и основач и извршен директор на Brainster. Ќе бидат одржани и работилници на теми Работни стилови и Брендинг и дигитален маркетинг комуникации на стартап од Маја Смилевска, консултант за личен и организациски развој и Љупка Наумовска, основач и директор на Ханибиз агенцијата за маркетинг и ПР комуникации.

- Advertisement -

На вториот ден од настанот своите приказни ќе ги споделат Војкан Крстевски, ко-основач на Final Frontiers Games и Димитар Попов, претпремач и основач на Reborn.mk, а ќе биде одржана и работилница спроведена од Leaders for Education, Activism and Development – LEAD за crowdfunding како алтернативен модел за финансирање на вашите идеи.

Настанот е организиран во рамки на проектот „Академија за младински активизам” имплементиран од организацијата Младите можат, а поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

- Advertisement -

Мотивациски викенд годинава ќе се одржи во Македонска опера и балет, а започнува во 16:00 часот на 30. септември (сабота). Влезот е бесплатен.

Сподели!
- Advertisement -