Шест причини зошто не ви треба бизнис партнер

- Advertisement -

Луѓето кои почнуваат нов бизнис честопати мислат дека треба да склучат пертнерство со некого пред да аја лансираат компанијата. Сепак, искуството на повеќемина покажува дека претприемачите почесто се соочуваат со проблеми и тешкотии кога соработуваат со некого заради пгорешни причини отколку кога почнуваат соло.

Тоа не значи дека не треба да најмите луѓе кои имаат поинакво искуство од вас или дека не треба да ги наградувате луѓето за нивниот придонес. Исто така, патот на претприемачите е осамен, но ниедна од тие причини не е доволна за веднаш да побарате партнер.

- Advertisement -

Еве некои од поголемите проблеми со кои можете да се соочите доколку го изберете погрешниот партнер.

1. Различна работна етика
Многу претприемачи работат со партнери кои го немаат истиот ентузијазам или страст за бизнисот. Партнерите кои не ги почитуваат роковите, не се однесуваат добро со клиентите или не ги исполнуваат обврските можат да доведат до банкрот. Партнерите кои немаат етика се голема причина за неуспех. Иако мислите дека ги познавате партнерите, нема да ги запознаете доволно додека не ви ја уништат репутацијата, не украдат пари или не исчезнат кога најмногу ви требаат.

- Advertisement -

2. Недостиг на искуство
Некои бизнис партнери немаат искуство или не посеуваат вештини за добро да си ја работат работата. Мора да знаете дека можете да сметате на партнерите за да постигнете резултати, а кога нема да се случи тоа, ќе имате налутени клиенти и вработени.

3. Несогласување за правецот на раст
Мотивираните, талентирани или брилијантни партнери исто така можат да ви предизвикаат проблеми доколку не се согласувате за долгорочните цели на компанијата. Тоа може да доведе до постојани расправии за целите на компанијата. Несогласувањето одзема време, ресурси, предизвикува стрес и води до непостојаност на бизнисот.

- Advertisement -

4. Делење на профитот
Претприемачите радо го делат профитот со партнерите кога тие носат дополнителна вредност во компанијата.  Доколку партнерите не придонесуваат за раст на бизнисот, не треба да добијат дел од профитот. Доколку заработувате исто и сами и со партнер, ожеби сте ја избрале погрешната личност за да ви помогне со развојот на бизнисот.

5. Одговорни сте за постапките на партнерот
Вие сте одговорни за што и да се случи со бизнисот. Доколку партнерот прекрши некој закон, и вие можете да завршите на суд. Така можете да добиете и казни, тужби или да плаќате за нанесена штета. Кога имате бизнис партнер, мора да знаете се што прави партнерот. Тоа ви создава дополнителен стрес. Дури и да си верувате стопроцентно, мора да го надгледувате.

6. Може да страда вашата репутација
Дури и партнерот да не прекрши ниеден закон, неговите постапки може да имаат последици врз вас. Неискрен или таинствен партнер може да шири недоверба во вашата компанија, а тоа ќму наштети на бизнисот и вашата лична репутација. Внимателно одлучете дали ви треба или не ви треба бизнис партнер и кои бенефити ќе ви ги донесе.

(Entrepreneur)

Сподели!
- Advertisement -