Твитер двојно го зголемува бројот на карактери во твитовите, од 140 на 280

- Advertisement -

Твитер воведува новитет кој наиде на навистина позитивни реакции. Станува збор за нов начин на пишување на твитовите односно за зголемување на капацитетот на карактери на твитовите чиј број од 140 е зголемен на 280 карактери. Токму лимитот на карактери во твитовите се покажа како една од причините зошто оваа социјална мрежа не можеше да привлече голем број на корисници колку што посакуваше.

Мрежата моментално функционира со околу 300 милиони активни корисници месечно но во последниве години никако не можеше да се помести од оваа „мртва точка“. Посебно поради фактот што конкурентот Фејсбук продолжи да нуди објави без лимит на карактери.

- Advertisement -

Од Твитер се одлучиле на оваа одлука бидејќи спровеле анализа која покажала дека кога корисниците „твитаат“ на англиски јазик, секогаш го користат полниот потенцијал на карактери во твитовите за разлика од корисниците кои тоа го прават на пример на јапонски јазик кога лимитот се користи целосно во само 1% од случаите. Просечниот твит на англиски јазик имал 34 карактери, додека пак на јапонски 15. Поради ова зголемувањето на лимитот на карактери не е овозможено и за твитовите на јапонски, кинески и корејски јазик.

Ова е позитивно и во случаи кога твитовите се преведуваат, па така еден твит од 140 карактери на англиски јазик, преведен на шпански јазик би барал 154 карактери.

- Advertisement -

Новитет е особено позитивно прифатен од бизнисите и компаниите кои го користат Твитер како дел од нивните маркетинг стратегии бидејќи сега ќе имаа поголем простор при обраќањето до нивните клиенти.

(ICTBusiness)

Сподели!
- Advertisement -