Кој се закити со „Зелен глобус“ за придонес во екологијата во Македонија?

- Advertisement -

За првпат во Македонија се одржа настан на кој беа доделени награди во областа на екологијата и зашитата на животната средина. Станува збор за симболична награда Зелен глобус која ја доделува Заедница на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ на активисти, истражувачи, новинари, поддржувачи од областа на екологијата и од областа на аерозагадувањето.

Зелен глобус годинава беше врачен на следниве организации и индивидуалци:

  1. Најдобра мобилна апликација – „Мој Воздух“ на Горјан Јовановски
  2. Најдобра еко фотографија – „Фото со дрон на Скопје обвиено во смог“ на Донче Илијоски
  3. Најдобра кампања на социјалните мрежи – #ДенНаВоздухот од ТВ шоуто „Еден на Еден“ со Жаре Димитриоски
  4. Истакнат професор – поборник за чист воздух – Проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институт за јавно здравје
  5. Истакнат новинар – поборник за чист воздух – Огнен Јанески од ТВ 24 Вести со емисијата „Очи во Очи“
  6. Истакнати активисти за велосипедско Скопје – „НаТочак“
  7. Истакнат онлајн медиум – поборник за чист воздух – „Радио МОФ“
  8. Истакнат магазин – поборник за екологија  – „Лице в Лице“
  9. Најдобар документарец – „Загадување: Скопје го стигна Пекинг“ во режија на Горан Лефков и продукција на Центар за истражувачко новинарство „SCOOP – Macedonia“
  10. Најдобра еко герила акција – „Џиновско гнездо во центарот на Скопје“ на Урбани уметнички акции
Сподели!
- Advertisement -