Претприемачите не завршуваат со работа кога се изморени, тие завршуваат со работа кога нема да има работа. Илјадници луѓе сонуваат за денот кога ќе ја напуштат работата од 9 до 17 часот. Всушност, според Gallup, 87% од вработените кои учествувале во истражување не сметале дека се заангажирани. Но, напуштањето на работата и стартувањето сопствен бизнис е само половина од битката. Мора да се подготвите да бидете претприемачи. Освен тоа што треба да си најдете финансии и да направите план, треба да се подготвите психички.
Вашите навики го диктираат успехот и доколку како претприемач продолжите да работите како да сте на работа од 9 до 17 часот, вашите напори ќе бидат залудни. Мора да усвоите претприемнички ментален склоп и да почнете да мислите како што мислат светските лидери. Да се биде претприемач е многу поразлично од да се биде вработен. Еве пет промени на менталниот склоп кои мора да ги направите доколку сакате да се подготвите за реалноста на претприемништвото.
1. Научете се да размислувате надвор од границите
Кога ќе ја напуштите работата повеќе не сте ограничени од корпоративниот свет. Тоа значи дека треба да го отворите мозокот за нови можности – можности кои можеби не биле опција во претходниот живот. Во еден напис во магазинот TIME , Ворен Бафет, извршен директор на Berkshire Hathaway, вели: „Луѓето секогаш ќе се обидат да ве спречат да постапите правилно доколку тоа е нешто неконвенционално“. Тоа значи дека другите не ја сфаќаат вашата визија, но не смеете да дозволите да ве спречат. Мора да бидете креативни во бизнисот, да понудите нешто ново и да бидете поразлични за да бидете успешни.
2. Направете краткорочна и долгорочна визија
Алберт Ајнштајн еднаш изјави: „Новиот начин на размислување е суштински за да се опстане и да се движите нагоре“. Тој нов начин на размислување бара фокусирање и стратешки цели. Мора да имате визија за компанијата, идеја за тоа каде одите и како ќе стигнете таму. Како претприемач вие сте лидер на компанијата и членовите на тимот од вас очекуваат да ви го покажете патот до успехот. Каков план имате? Треба да можете да ја видите поголемата слика и сите чекори кои ќе ве одведат до крајната цел. Потоа мора да ја комуницирате таа визија со тимот и да се осигурате дека сите ја разбираат својата улога.
3. Сиот товар ќе биде на ваши рамена
Претприемништвото може да биде и страшно. Вашиот успех сега зависи исклучиво од вашата работа. Не можете повеќе да сметате на платата и на придонесите. Како вработен, доколку сте имале лош ден на работа, сепак сте добиле плата. Како претприемач, доколку бизнисот не ви е успешен, нема да имате заработка. Честопати основачите на бизниси се под стрес и тоа влијае врз нивното психичко и физичко здравје. Работењето за себе значи дека мора самите себе да се мотивирате. Мора да сте организирани и фокусирани и да се навикнете да работите напорно и долго.
4. Сите асови ќе бидат во вашиот ракав
Како преприемач не можете да речете никогаш дека нешто не е ваша работа. Секоја работа е ваша. Никој друг нема да сработи нешто наместо вас. Вие мора да се осигурате дека се оди мазно и тоа може да значи дека ке работите нешто што не го знаете. Можеби ќе мора да бидете сметководител, ИТ експерт, маркетинг агент и што уште не. Претприемачите одат во многу различни чевли и постојано учат различни вештини. Доколку мислите дека како претприемач ќе седите со скрстени раце, подобро останете си на работното место што го имате.
5. Бидете флексибилни, фокусирани и позитивни
Ставот е се во бизнисот. Не смеете да дозволите некои предизвици да ви попречат во оставрувањето на сонот. Претприемачите мора да бидат оптимисти и фкусирани на своите цели. Вашата страст мора да биде ваш порив. Доколку не сте страсни во работата, нема да преживеете. Затоа, мора да имате идеја или проблем кој сакате да го решите. Инаку нема да бидете истрајни.
(Entrepreneur)