Многумина бизнисмени се жалат на конкуренцијата, постојано кукаат и планираат како да ја уништат и совладаат. Но, всушност, треба да размислат како и зошто да научат да ја сакаат конкуренцијата во бизнисот? Еве неколку примери зошто.
- Конкуренцијата лаже
Одлично! Многу бизниси лажат и тоа се фантастични вести за вас. Кога еден бизнис лаже, тие играат на краток рок. Играњето на долг рок значи да се биде ранлив, автентичен и искрен со идеалните клиенти и тие секогаш да го помислат тоа кога ќе го слушнат вашето име.
Довербата во бизнисот води до неверојатен напредок. Сите маркетинг кампањи кои ги користи конкуренцијата најчесто имаат за цел да ги направат попривлечни за луѓето. Кога имате бизнис кој е доверлив, не ви треба толку маркетинг. Искреноста допира до луѓето и идеалните клиенти за да дојдат до вас ќе возат и 100 километри иако покрај инв има многу конкуренти кои молат да им бидат клиенти.
- Има место за сите на пазарот
Ставот дека мора да владеет со 100% од пазарот во првите три години од отворањето на бизнисот е чиста глупост. Има место и за вас и за конкуренцијата. Не трчате спринт туку маратон. Чувството дека се давите во конкуренцијата е токму тоа. Доколку 24/7 се фокусирате на конкурентите по некое време нема да вредите ништо. Нема да можете да спиете и да го сонувате својот иден успех. Конкуренцијата може само малку да ви скрати од профитот. Доколку не дозволите да ве вознемируваат, наскоро тие ќе се плашат од вас.
- Изгледате глупаво кога постојано се жалите
Кукањето и жалењето е навистина непривлечно. Така на сите ќе им покажете дека не знаете да губите. Победниците се грижат најпрвин за своите бизниси. Победниците знаат дека нивните бизниси не се совршени дијаманти уште на првиот ден. Секој пат кога ќе се пожалите си го нагрдувате бизнисот.
- Не можете секогаш да победувате
Никој бизнис не може да ги дбоите сите добри договори. Лага е дека мора постојано да победувате за да бидете успешни. Вашиот бизнис можеби има некои уникатни силни страни, но секогаш има конкуренција. Некои зделки ќе ги добиете вие, некои нема. Не мора цело време да победувате за да имате профит и да бидете успешни.
- Инспирира кога гледате дека конкуренцијата не чини
Кога некој конкурент има некој голем недостаток вие треба да се инспирирате. Никогаш не треба да посакувате вашите клиенти да страдаат како нивните. Наместо да почнете да зборувате лошо за конкурентите и нивните грешки, искористете ги како инспирација за да не бидете како нив.
Конкуренцијата треба да е дел од причината зошто постоите. Треба да постоите за да не ги правите истите глупави грешки како нив. Кога во истата индустрија има компании кои се ужасни играчи може да инспирира други бизниси да процветаат. Таков е случајот со Uber и Airbnb.
- Постојаното жалење покажува дека сте несигурни
Недостигот од доверба во сопствениот бизнис и производ ве тера да зборувате лошо за сите останати производи и бизниси. Кога навистина го сакате својот производ и верувате дека е најдобар, заборавате на сите други. Вербата во рпоизводот доаѓа од самодовербата.Доколку вие верувате ќе веруваат и вашите идеални клиенти. Зборувањето лошо за конкуренцијата можеби ќе направи да се чувствувате подобро некое време, но никогаш нема да помогне да порасне вашиот бизнис.
- Немате време за да мислите за другите
Не си го трошете времето размислувајќи за конкуренцијата. Искористете го времето да барате нови идеи, да иновирате и да ги одушевите клиентите. Тие навики ќе ви помогнат да не бидете опседнати со конкуренцијата.
Доколку постојано мислите на конкуренцијата, сигурно нема да ја снема. Доколку се жалите на нив нема да го подобрите својот производ или услуга. За да имате добар бизнис мора да бидете креативни. Креативноста не е лесна, па затоа не треба залудно да го трошите времето.
Мислењето на конкруенцијата ви создава негативни мисли кои надвиснуваат над позитивните и наскоро нема да бидете оптимисти, а оптимизмот е тој што води до идеи кои го менуваат светот.
- Конкурентите може да ви станат партнери
Вашиот бизнис не може да ги задоволи сите потреби на клиентите. Наместо кога ќе побараат нешто од вас да велите дека не го нудите тоа, можете да ги препорачате конкурентите. Истото ќе го прават и тие за вас.
Вашата конкуренција не е проблем. Тие не се причина зошто не продавате доволно. Вистинската причина зошто сте фокусирани на конкуренцијата е затоа што размислувате погрешно. Вашите конкуренти можат да доведат до тоа сами да си го саботирате бизнисот доколку не прекинете да се фокусирате на нив.
(Addicted2Success)