„Храна за сите“ – иновативна платформа на Јане Заевски која спречува храната да заврши во контејнер!

- Advertisement -

 Нашата мисија е да ја зачуваме храната, паричникот и планетата Земја, преку создавање на одржлива заедница, со која заеднички ќе ја вратиме изгубената вредност на храната, како нешто што треба да заврши во нашиот стомак, а не во канта за отпадоци, вели Јане Заевски, креатор на оваа иновативна платформа

(Разговараше- Сања Наумовска)

Софтверското решение за продажба и донирање непродадена храна од угостителските објекти – „Храна за сите“ на младиот економист и иноватор Јане Заевски, неодамна освои награда од 10.000 долари на регионалниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“ во Колашин, Црна Гора, кој се одржува во организација на Фондот на Браќата Рокфелер од САД. „Храна за сите“ беше препознаена и како една од трите најдобри зелени идеи, меѓу вкупно 12 пријавени, кои годинава ги избра здружението за социјални иновации АРНО.

- Advertisement -

Фактот дека живееме во време кога информацијата е многу важна, и се споделува речиси во истиот момент со илјадници луѓе, Заевски и неговиот тим го искористиле на најдобар можен начин. Нивната идеја ги инкорпорира трите најважни работи на денешницата, стопирање на неконтролираното фрлање на храната, заштеда на ограничените ресурси и зачувување на животната средина. Иновацијата на Заевски има и социјална компонента, која мора да се развива и да се инкорпорира во секој бизнис во модерните општества.

 

- Advertisement -
  • Г-дин Заевски, може ли да ни објасните нешто повеќе за самата идеја која стои зад „Храна за сите“?

„Храна за сите“ претставува (last minute) платформа изразена во форма на веб-страна, а понатаму и мобилна апликација, која ќе овозможи да се информирате и купите готова храна која што угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот (за цена пониска и до 80% од редовната).

  • Како всушност треба да функционира ова иновативно решение, дали ќе се развива како бизнис, социјално или пак еколошко решение?

Угостителските објекти кои ќе се регистрираат на нашата платформа, ќе објавуваат опис на храната која што не успеале да ја продадат во текот на денот, цена и временски период во која истата може да се подигне. На потрошувачите ќе им биде понуден преглед на сите понуди и по изборот тие ќе треба да ја резервираат со платежна картичка и ја подигнат во предвидениот временски период. Дополнително на платформата ќе има систем на донации кои што ќе бидат наменети за најзагрозените ранливи категории на граѓани. Социјалното претпријатие е нов модел на бизнис со социјална цел кој се уште не е (доволно) третиран во македонската економија. Целта е преку нашиот концепт да ги намалиме социјалните и еколошките недостатоци на проблемот со вишокот од храна и да генерираме долгорочна финансиска одржливост.

- Advertisement -
  • Кои се крајните корисници на „Храна за сите“, како информациите за храната ќе доаѓаат до нив?

Секој оној кој внимава на својот домашен буџет и нема време да готви е потенцијален корисник на нашата платформа. Како таргет ги идентификувавме студентите, но и зафатените домаќинства, кои после работниот ден ќе можат лесно да дојдат до зготвена храна по многу подостапни цени.  Потенцијални корисници се и сите оние кои се грижат за животната средина, а преку овој концепт и ќе го дадат својот придонес кон нејзино зачувување.

– Угостителските објекти се важен дел од алката на „Храна за сите“. Постои ли успешен систем за нивно ефикасно вклучување?

Секој угостителски објект има своја приказна, интереси и потреби.  За да се креира самоодржлив систем неопходно е сите страни да имаат придобивки. Целта е преку нашиот систем да им се овозможи да генерираат дополнителен приход, но и „Храна за сите“ да им претставува дополнителен медиум преку кој би работеле на својата општествена слика.

  • Како дојдовте до идеја да работите на вакво решение, колку време се развиваше концептот?

Идејата беше зачната уште пред некоја година во Америка, каде што и првпат се запознав со количината на неискористена храна. Првенствено сметав дека тоа е проблем само таму, но како што поминуваше времето истражував и забележував дека тоа е глобален проблем и вишокот на храна е насекаде.  Парадоксот на нискиот економски стандард во кој што живееме, наспроти тоните фрлената храна беше главен мотив. Како дипломиран економист се обидов да изнајдам концепт кој би бил самоодржлив и воедно ќе допринесе за намалување на социјалните и еколошките последици од вишокот на храна.  Идејата беше преточена во бизнис план и препознаена. Набрзо по поставувањето на концептот во тимот спонтано се приклучија Билјана Макревска и Маја Костовска, со кои што напорно работиме за реализација на нашата мисија.

Нашата мисија е да ја зачуваме храната, паричникот и планетата Земја преку создавање на одржлива заедница со која заеднички ќе ја вратиме изгубената вредност на храната, како нешто што треба да заврши во нашиот стомак, а не во канта за отпадоци.

  • Колку време ќе ви треба решението „Храна за сите“ да стане функционално, има ли интерес на пазарот, ќе бидат ли доволни средствата од наградата на натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“ од  10.000 долари?

Рано е да се даде прецизен одговор на ова прашање. Би сакале да оставиме одговорите да дојдат во некоја од следните фази на реализација на идејата. Интересот е голем, свесноста кај граѓаните расте, така што очекуваме платформата „Храна за сите“, да биде добро прифатена. Следно што не очекува е натпреварот за претприемништво Social Impact Award 2017 каде што сме во финалето и резултатите ќе бидат познати на 2-ри октомври. Моментално во тек е и Comunity Voting  во кое нашата идеја е сумирана во видео од една ипол минута кое што можете да го погледнете на следниов линк. Целта е да ја вратиме изгубената вредноста на храна и воедно да ги намалиме секојдневните трошоци на живеење. Сите кои што ја препознаваат нашата идеја би ги замолил да го дадат својот глас за „Food for everyone“ и ни се приклучат на социјалните медиуми.

Благодарност до АРНО пред се што ја препозна оваа идеја, но и за одличната организација на националниот натпревар.  Учеството на регионалниот натпревар на зелени идеи во Црна Гора беше одлично искуство за вмрежување со инспиративни луѓе од целиот регион. Овој круг на луѓе како и наградниот фонд ќе бидат од непроценливо значење за доближување и заживување на оваа зелена бизнис идеја. Исто така би сакал да го напоменам натпреварот за претприемништво организиран од страна на Младински образовен форум, чија што поддршка доведе до побрз раст на нашата идеја.

Сподели!
- Advertisement -