Антарктичка фарма каде што растенија растат и на -73 степени Целзиусови

- Advertisement -

Замислете да мора да живеете без свежи продукти, хранливо овошје и растенија. Научници од Антарктика знаат како е да се живее така и токму затоа инженери од Германскиот вселенски центар градат високотехнолошка фарма каде што ќе растат многу производи на температура од дури -73 степени Целизусови.

Единствениот начин да се транспортира храна до станицата на САД, Мекмурдо е со брод или авион. Најголем дел од храната се носи замрзната или сува. Во текот на летото научниците можат да добијат храна еднаш неделно. За среќа тоа ќе се смени. Фармата Eden-ISS веќе се гради и ќе се одлгедува храна за сите кои се на поларната станица. Фармата ќе биде во средина со контролирани услови, а продуктите ќе се одгледуваат со технологија за вертикално градинарство. Кога фармата ќе биде готова, Во не аќе се одгледуваат од 30 до 50 видови растенија, меѓу кои мешунки, пиперки, тиквички, јагоди, патлиџани и зачини.

Поради климата на Антарктика, растенијата се растат под ЛЕД светла наместо под сончева светлина. Тоа всушност, е добро бидејќи истражувачите ги наместиле светлата на црвени и сини бранови, кои се најповолни за одгледување. Фармата Eden-ISS ќе биде готова во октомври. Инфраструктурата веќе е готова, а инженерите очекуваат идниот месец да пристигнат растенијата.

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -