Не сакате да пеглате? Effie е машина која пегла наместо вас

- Advertisement -

Пеглањето е нешто што не сака да го прави секој. За среќа, двајца иноватори креираа робот кој ја суши и аја пегла облеката наместо вас. Одеднша може да испегла 12 парчиња облека. Роботот се вика Effie, а неговите креатори Рохан Макдар и Тревор Керт тврдат дека вреето за пеглање го сратува за 95%. Вашата облека ќе биде готова за носење за само 3 минути, а преку апликација ќе ве извести кога е готова. Има и посебен дел каде што може да се стави некаков мирис, па облеката ќе ви мириса како што сакате.

Двајцата 27-годишни иноватори имаат направено целосно функционален прототип и чекуваат рпвата комерцијална верзија да почне да се продава напролет во 2018 година. Рохан вели дека целта им била пеглањето да не биде толку здодевна активност, иако ниеден од двајцата иноватори не знае да пегла. Двајцата студирале инженерство на Универзитетот Кембриџ и се сезоснки иноватори, односно заработуваат од дизанирање и развој на медицински уреди.

- Advertisement -

Effie го направиле со помош на 3Д печатач. Веќе имаат аплицирано за патент за роботот. За Effie да ви ги испегла алиштата прво треба да ги обесите алиштата на закачалки. Да ги затворите вратничките и потоа внатрешна пегла на пареа ги пегла едно по едно. Кога ќе бидат готови ќе ве исвести преку апликацијата. Ваквиот луксуз не доаѓа по ниска цена – Effie чини околу 780 евра.

(Metro.uk)

Сподели!
- Advertisement -