Може ли понеделникот да ви биде најпродуктивен ден од неделата? Еве како!

- Advertisement -

Понеделниците не мора да бидат најлошите и најтешките денови од неделата. Всушност, понеделникот треба да биде денот кој ќе го означи почетокот на една продуктивна недела. Вие сте тие кои одлучувате каква ќе ви биде неделата. Потсетете се кои ви се долгорочните цели и искористете ги своите навики за да стигнете до нив побрзо и поефикасно.

Како да го направите тоа? Следете ги следните осум совети и уживајте.

- Advertisement -

1. Направете листа со се што сакате да завршите и групирајте ги обврските

Направете листа со се што треба да завршите. Потоа направете групи од обврските според сличност и завршувајте група по група. Потешко е да се префрлате меѓу сосема различни обврски отколку да работите нешто слично.

- Advertisement -

2. Во понеделник наутро уште веднаш завршете некоја обврска

Нема ништо позадоволитено од чувството кога знаете дека убаво сте го почнале денот. Најлесно ќе го постигнете тоа ако само што се разбудите направите нешто мало од листата. Можеби сте мислеле да му испратите имејл некому или да објавите некој пост.

- Advertisement -

3. Испланирајте ја целата недела

Секако дека во текот на неделата ќе одите на социјални активности, па затоа испланирајте ги уште во понеделник. После тоа немојте да прифаќате нешто што не било планирано. Многумина дозволуваат нивните рапореди да диктираат со нив и тоа е голема грешка од аспект на менаџирање со времето.

4. Изберете една примарна цел за неделата и мерете го успехот според неа

Можеби неделава вашата главна цел ќе биде да вработите некого или да го реорганизирате плакарот. Не е битно која е таа цел се додека ви стане навика да избирате таква цел секоја недела.

5. Во понеделник купете ги сите потребни продукти за цела недела

Наместо да ги прилагодувате оброците според распоредот на обврски, панирајте ги однапред. Појдете во продавница, купете се што ви треба за една недела, а можете и да зготвите повеќе јадења кои ќе ги јадете наизменично во текот на неделата.

6. Испијте едно ладно кафе

Не одзема многу време да го нарачате, а откако ќе го испиете ќе ви се зголеми продуктивноста. Тоа е докажан факт.

7. Не го проверувајте дојдовното сандаче со имејлови до пладне

Тешко е да се контролирате, но морате. Вашите понеделнички утра ќе бидат многу попродуктивни доколку завршите некоја работа наместо да одговарате на мејлови.

8. Поставете аларми за паузи од 10 до 15 минути на секои час и половина до два часа

Кој и да рекол дека продуктивност е со часови да работите без да направите пауза веројатно никогаш не почувствувал што значи максимална продуктивност. Една од најпаметните работи што можете да ги направи секој понеделник е да се тргнете од обврските и да си ги разбистрите мислите. Оставете го компјутерот, оставете го телефонот, одете надвор на прошетка и кога ќе се вратите ќе бидете подготвени за нова рунда работа.

(Inc.com)

Сподели!
- Advertisement -