Научници го остварија првиот квантен видеоповик во светот

- Advertisement -

Истражувачи од Кинеската академија за наука и Австриската академија на науки го реализираа првиот квантен видеоповик со помош на сателитот Micius, кој беше лансиран во 2016 година. Повикот се оствари на 29 септември меѓу Пекинг и Виена и беше целосно заштитен од хакирање.

Ова не беше обичен повик – беше првата демонстрација на повик целосно реализиран и енкриптиран со квантна технологија и обележа значителен напредок на полето на квантните комуникации и потенцијалното влијание кое може да го има технологијата на начинот на пренос на информации.

- Advertisement -

Повикот беше енкриптиран со праќање информации поставени во честички светлина односно фотони генерирани од сателитот Micius. Micius беше лансиран минатата година и успешно користеше квнтна криптографија за да испрати податоци назад до Земјата во август годинава.

Како што објаснуваат од Австриската академија на науки, фотоните се испраќаат до станици лоцирани во Кина и Европа, како и до станица во Австрија. Со помош на рилеј станица во орбитата комуникацијата ги надминува ограничувањата на комуникацијата поради заобленоста на Земјата и губењето на сигналите во долгите оптички кабли. Уште побитно е тоа што за разлика од традиционалните методи на комуникација, кои мое да ги хакира секој што има одредено техничко познавање, кватната комуникација не може да се хакира и секој што ќе се обиде да се инфилтрира во системот ќе биде откриен.

- Advertisement -

„Доколку некој се обиде да ги пресретне фотоните кои се разменуваат меѓу сателитот и Земјата и да ја измери нивната поларизација, ќе се смени кватната состојба на фтоните и веднаш ќе се откријат хакерите“ велат научниците. Квантната комуникација барем засега е единствената која не може да се хакира, но со тек на време веројатно ќе се најде некој што ќе успее да го направи и тоа. Пекинг и Виена нема да бидат единствените градови каде ќе се тестира квантната комуникација. Во иднина се планираат такви видеоповици меѓу Кина и Сингапур, Италија, Германија и Русија.

(Futurism)

Сподели!
- Advertisement -