Кинеската влада планира Кина да стане земја од Западот и да стане водечка сила во обликувањето на иднината на вештачката интелигенција
Дека станува збор за сериозен план говори и фактот дека со директивата која беше предложена е официјализирана намерата до 2030 година вредноста на аутпутот на кинеската индустрија за AI да биде 150 милијарди долари. Насоките кои ги содржи директивата укажуваат на тоа дека државата ќе инвестира во индустријата и ќе охрабрува приватни инвестиции, образување за оваа област и ќе креира open source платформи. Кога ќе ја остварат целта, намерата им е вештачката интелигенција наголемо да се применува во разни индустрии – мануфактура, земјоделство, лигистик, финансии…
Нема прецизни податоци за состојбата со вештачката интелигенција во Кина, но судејќи според тоа колку провинции трошат милијарди долари на развој на роботика, може да се заклучи дека голем дел од тие пари одат за вештачка интелигенција. Само во градот Сјангтан досега се потрошени 2 милијарди долари на роботика и вештачка интелигенција, компаниите за AI во Суџоу добиваат субвенции за отворање продавници во износ до 800.000 долари, а во Шенџен може да се најдат износи од милијарда долари за AI проекти.
Според Goldman Sachs, за една земја да оствари економски прогрес со помош на вештачка интелигенција потребно е за биде силна во четири области: развој на компјутри, менаџирање со податоци, инфраструктура и таленти. Според годинашниот извештај на Goldman Sachs, Кина има ресурси, желба и поддршка од владата за креирање економија базирана на вештачка интелигенција и машинско учење. Знаеме дека вештачкта интелигенција е толку попаметна колку што добива повеќе податоци, а според проценките, Кина генерира 13% од сите дигитални информации во светот, а тој удел ќе се зголеми на 20%-25% до 2020 година.
(Startit)