- Advertisement -
Нови цени на горивата од ноќеска на полноќ. Регулаторната комисија за енергетика одбјави дека за половина денар поевтинува Еуросуперот 95 и ќе се продава по 63 денари по литар.
Идентично поевтување има и кај дизел горивото а новата цена изнесува 51 денар, додека цената на еуросуперот од 98 октани останува иста. Согласно новата одлука, се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство која во наредните две недели ќе биде изнесува безмалку 40 денари.
- Advertisement -
Според најновата одлука, минимално поскапување има кај мазутот и ќе се продава за 26 денари за килограм.
- Advertisement -